Филипче: Кинеските вакцини пристигнуваат во недела, а утре 100 илјади дози на „Фајзер“

Утре стигнуваат 100 илјади вакцини на „Фајзер“ преку Ковакс системот, а во недела се очекуваат кинеските вакцини на „Синовак“, најави министерот за здравство Венко Филипче.

 |   | 

– Кинеските вкацини стигнуваат во недела со два авиони по 250 илјади дози, веќе е направен план за сместување, ќе се складираат во поликлиниката „Јане Сандански” и на Институтот за судска медицина. Верувам дека во понеделник и вторник ќе бидат пуштени во употреба. Утре стигнуваат 100 илјади вакцини на „Фајзер“ преку ковакс системот“, рече Филипче.

Во претстојниот период ќе има забрзано темпо на вакцинација, откако се покажало дека истите штитат и од индискиот сој на коронавирусот.

– Нашата проценка укажува дека некој нов ризик од нов бран сега во скоро период нема. Но затоа треба да бидеме внимателни. Има случаи на вакцинирани граѓани кои се заразиле со индиски сој во некои земји. Меѓутоа во 98% клиничката слика им е послаба и нема потреба од хоспитализација. Затоа кај нас сега следува едно забрзано темпо на вакцинација, додаде Филипче.

Најави дека организиарано ќе бидат повикувани наставниците кои работеа во домашни услови, сега тие ќе бидат најприоритетна група за да можат училиштата од септемри да почнат со нормална работа, за што веќе се подготвуваат протоколи. 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top