Филипче: Ако не се почитуваат мерките неизбежен е полициски час

Доколку продолжи трендот на зголемување на бројот на заразени како што имавме изминативе денови следен чекор на здравствените власти ќе биде барање да се воведе полициски час. Болниците забрзано се полнат, кажа министерот Филипче на прес конференција пред владата. Тој најави дека  Комисијата за заразни болести утре ќе и предложи на Владата нов пакет мерки кои се надева дека заедно со оние кои веќе се во собраниска процедура ќе помогнат да се подобри сериозната епидемилошка состојба.

 |   | 


Новите бројки на инфицирани со корона вирусот , односно 1022 новозаразени   и 13 смртни исходи само во текот на викендот  денеска беа разгледувани на состанокот на Владата со членовите на Комисијата за заразни болести. Како што најави министерот за здравство утре Комисијата за заразни болести ќе ѝ предложи на Владата дополнителни мерки за спречување на ваквиот опасен тренд на ширење на вирусот.

„ А тоа ќе биде, сите економски оператори да работат до 23 часот и да се ограничи капацитетот на јавниот превоз до 50 проценти и препорака до државната и јавна администрација, вработените во судовите и општините да работат во смени или во ротација или онлајн согласно условите за работниот процес.“ – најави министерот за здравство Венко Филипче.

Во скратена собраниска процедура веќе се наоѓаат измените на Законот за заштита на населението од заразни болести во кој се вметнати предлозите за  задолжително  носење маска на отворено, забарането групирање надвор по 22 часот и ограничување на семејните собири на не повеќе од четворица на гости кај едно семејство. Филипче се надева дека во Собранието ќе минат законските измени до крајот на неделава, и мерките ќе стапат во сила. Министеротупати апел до граѓаните да ги почитуваат мерките.

„ Ситуацијата е навистина сериозна. Следен чекор би бил целосно ограни чување на движењето, односно полициски час. Да смогнеме сили сите да ги почитуваме мерките за да го избегнеме тоа“, рече Филипче.

Министерот информираше дека капацитетите во болниците забрзано се полнат. Како што соопшти, веќе се исполнети инфективните одделенија во Струмица, Куманово, Штип и Прилеп. Почнува да се полни одделението во Кочани и Гостивар, а отворено е ново крило во Битола. Во Скопје засега празна е монтажната болница поставена до Инфективната клиника.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top