На 5 минути до 12, реномирани хотелски капацитети во Охрид ставија клуч за врата.
Економската неправданост во работењето е причина поради која менаџерскиот тим го затвори и хотелот Метропол. Применувајки ја светската практика оваа солуција е најдобра за хотелите во овој клучен момент, вели експертот по туризам, Зоран Тунтев.
И во Охрид стигнаа првите посериозни закани од економската криза. Од битката за готи се откажаа реномирани хотелски капацитети. Хотелот Метропол е еден од нив.
„Годинава поради економската криза и свинскиот грип се соочивме со намалување на работата која и така е намалена во споредба со истиов период години наназад“, вели менаџерот за продажба на хотелот Белви, Атанас Николовски. Тој додава :„За годинава одлучиваме да работиме само со еден хотел – Белви. Во последно време има заинтересирани гости ос Албанија и Србија, ако интересот се зголеми во наредните дена ќе го отвориме и хотелот Метропол.
Тв М има информација дека покрај Метропол затворени е и хотелот Сончева порта, а Гранит ќе работи само неколку дена за најлудата ноќ. За неговата судбина ќе се одлучува по празниците. „Ова што во моментов ни се случува само докажува дека се исполнија претпоставките од пред неколку месеци, во поглед на последиците од економската криза. Хотеските капацитети се први на удар на ваков негативен тренд“, вели експертот по туризам д-р Зоран Тунтев. За тоа Зошто немаме туристи вон сезона, Тунтев со став дека причините се објективни и субјективни. „Објективни се свинскиот грип, финансиските проблеми, визната либерализација, а субјективни се нашата невозмжност да се прилагодуваме на невозможни ситуации. Туризмот во Македонија е инертен, а ние на тоа не реагираме соодветно“, вели Тунтев.
„Многу пооправдано е голем хотел е да се затвори вон сезона, отколку да работи неоправдано. Секаде во светот големите капацитети кога нема доволно работа се затвараат, вели Тунтев. Според него државата под итно треба да превземе мерки за надминување на ваквите состојби, а тоа е пред се е во изготвување на стабилна стратегија во која ќе бидат предвидени тешките моменти во туризмот.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град