По пат на јавно наддавање за отуѓување на градежно неизградено државно земјиште, отуѓени се две локации во општина Охрид наменети за изградба на хотелски комплекси на компанијата “Фибула аир Травел“.
“Предмет на јавното наддавање беа градежни парцели со површина од 13.459 м2 и 4.738 м2. Најповолен понудувач на јавното наддавање е компанијата “Фибула ер травел“од Скопје која за двете градежни парцели на јавното наддавање понуди највисока цена од вкупно 1.291.987 денари (20.000 евра)“, информираат од Министерството за транспорт и врски.
Компанијата е должна во рок од 15 дена од приемот на писменото известување кое Комисијата го издава по завршувањето на јавното наддавање да ги уплатат средствата согласно постигната крајна цена од наддавањето.
Доколку средствата не се уплатени во утврдениот рок, ќе се смета дека градежното земјиште не е отуѓено, нема да се пристапи кон склучување на договор за отуѓување и депонираните средства на најповолниот понудувач нема да му бидат вратени.
Исто така, компанијата е должна во рок од 12 месеци од извршената солемнизација на договорот да одбезбеди одобрение за градба од надлежната општина и согласно роковите предвидени во Законот за градење да изгради хотел од прва категорија со 5 ѕвезди и во рок од три месеци по целосна изградба на објектот, да го брендира хотелот со име на хотелски ланец кој во своја сопственот поседува или пак управува со повеќе од пет хотели.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град