Фестивалот„Вино и сирење“ викендов ќе се одржи на плоштадот кај Чинарот. Тој ќе има регионален карактер и учество ќе земат производители на вино и сирење и од другите општини од Македонија, како и од Корча, Албанија. Предвиден е и настап на охридски рок групи кои ќе ги забавуват гостите.
Викенд на вино и сирење во Охрид. После петгодишна пауза дегустаторско-продажната манифестација „Вино и сирење“ повторно ќе се одржи. Овојпат таа ќе има регионален карактер, па учество ќе земат производители на вино и сирење и од другите општини од Македонија, како и од Корча, Албанија. Производите ќе бидат поставени на дваесеттина штандови распоредени околу фонтаната кај чинарот.
–Она што е иновативно за ова издание на фестивалот „Вино и сирење“ е што ќе има еден многу добро осмислен вид на презентација преку посебно дизајнирани штандови на кои ќе бидат изложени производите, но предвиден е и настап на охридски рок групи кои ќе ги забавуват гостите, вели Ѓоко Апостолов од ТЛЕР.
Бидејќи виното и сирењето не се многу карактеристични за охридското поднебје организаторите имаа идеја Плашицата да му даде охридски шмек на фестивалот.
–Ние стапивме во контакт со риболовното друштво Св. Апостол Павле и им понудивме штанд но за жал не добивме позитивен одговор од нивна страна, се надеваме дека наредната година ќе земат и тие учество на овој фестивал, вели Апостолов.
Фестивалот Вино и сирење ќе се одржи на 15ти и 16ти август, а е финансиран со средства добиени преку проект од СВЏ регионот, а логистиката е на Локалната самоуправа.
Инаку, оваа манифестација прв пат се одржа во 2004- та година во организација на Федерацијата на фармери на Македонија со помош на Министерството за земјоделие и Локалната самоуправа од Охрид. После 4 успешни изданија во 2008 фестивалот поради финнасиски проблеми не се одржа, а по уште две изданија сосема згасна. Дали овојпат ќе се покаже како одржлива манифестација, ќе покаже времето.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град