Започна детскиот фестивал распеано рибарче

Распеано Рибарче по 14 пат.

 |  Маленкова Татјана  | 
raspeano ribarce
распеано рибарче

 

Весело, разиграно, распеано и годинава во центарот за култура, на фестивалот „Распеано рибарче“. Првата приредба од детскиот музички спектакл ја проследија дечињата од основните училишта од Пештани, Велгошти и Кочо Рацин. Учесниците пак, возбудени и задоволни што се дел од 14тото фестивалско издание на „Рапеано Рибарче“.

Организаторот задоволен од интересот на охриѓани за овој фестивал. Петкуќески вели, започнавме сосем raspeano ribarce случајно, но од година во година прераснавме во симбол на Охрид. „Далечната 1998 год за прв пат го организиравме овој детски музички фестивал кога осмисливме во која насока да ги занимаваме децата. Од нашата општина неможев ни да замислам дека од година во година ќе постигнуваме рекорди“, вели фестивалскиот директор, Кољчо Петкуќески.

Успехот на фестивалот се темели на уиграната екипа. Добро познато е дека тимот кој победува не се менува, токму затоа и екипата која го создава рибарчето  не се менува, само се надополнува.

„За музичката продукција Китрозовски е познат и Карајлиевски, но има и други студија, како што се publika ribarce студијата на Кречо или Денко, но песните се многу различни и имаме различни  автори. Се бориме во песните да нема монотонија. Благодарнот и до Телевизија ТВМ затоа што стои зад овој проект од 1998 год“, вели директорот Петкуќески.

14 тото фестивалско издание ќе се запамети по 20 песнички, сите хит до хит, и 4 те балетски групи. За четири дена ќе бидат прикажани пет претстави. Медиумски покровител на фестивалот е телевизија ТВМ која и годинава ќе подготви ДВД издание.  

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top