Фекалии сеуште се вливаат во реката Сушица

Реката Сушица сеуште се загадува со фекалии. Овој проблем за кој постојано се информира, веќе 10 тина години е секојдневие за жителите од населбата Радојца Новичиќ.

 |  Татјана Маленкова  | 

Претседателот на МЗ истакнува дека и покрај тоа што надлежните знаат дека фекалиите од ул. Петрино се вливаат во Сушица, преку неа во Грашница па во Охридското езеро, сепак не превземаат ништо.

„ Се трудам ова да се реши еднаш засекогаш. Од фабриката Застава на ул. Петрино поминува и канализациите се спроведени во тој канал ја пуштија водата овде но не можеше да ја прими од оправдани технички причини и затоа ја оставија на течи вака.
Апелирам под итно да се превземат мерки ова да се санира“, истакна претседател на МЗ Радојца Новичиќ Перо Петрески Калимеро.  


Петрески апелира до надлежните што поскоро да се реши проблемот и со младинскиот дом во оваа населба, кој е во распаѓање. Според него објектот кој се градел со донации на жителите, неможе и несмее да и припаѓа на Локалната самоуправа, како што бараат тие – туку на МЗ, поточно на Урбаната заедница.

„Не знаеме дали да превземеме мерки , дали да го реновираме ние или локалната самоуправа.  Тој дом е правен со средства од нашите сограѓани. Тие бараа со писмо се обратија до мене да го отстапиме домот на  локалната самоуправа. Меѓутоа јас одговорив дека немам такво право бидејќи е граден од месното население“, вели претседател на МЗ Радојца Новичиќ.  

„Само бараме локалната да ја даде малата финасиска помош што нам како месна заедница ни следува, за се друго ќе се погрижиме ние како МЗ“, додава Петрески. Тој потенцира дека иако станува збор за населба во предградието на Охрид во никој случаја не смее да биде заборавена од локалната власт бидејќи кога станува збор за избори овие граѓани и нивните гласови и тоа како се важни.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top