Фекалии се влеваат во езерото,колекторот пред колапс

Колекторскиот систем не функционира како што треба. 1350 литри во секунда фекална вода поради неможноста да се обработи се излива во езерото. Владата никако да ја свати сериозноста на нашите укажувања, обвинува градоначалникот Александар Петрески.

 |  Татјана Маленкова  | 

presПоследиците од зголемениот водостој во езерото сеуште не сме ги почувствувале во целост. Се потврдуваат предупредувањата што подолго време ги кажувавме, велат од локалната самоуправа.
„ Со зголеменото испуштање на водата од езерото преку Црн Дрим, се направи штета во Струга и во пречистителната станица во Враништа. Шахтите се преполни со излеана вода“ истакна градоначалникот Александар Петрески.
Директорот на МЈП Проаква, Бранко Трпчевски информираше дека допрва очекуваат влошување на состојбата поради топењето на снегот карактеристично за овој период од годината.
„Зголемениот испуст на црн Дрим доведе до тоа да се потопат цевководите во Враништа. Состојбата е крајно критична. Нашите заложби се да се бориме со проблемите, не само како функционери туку како жители на Охрид“ истакна директорот на Проаква, Трпчевски.
„ Крајно време е некој да се разбуди во државава и да се спаси она што може. Обврска на централната власт е ден побрзо да одржиме средба и да се реши проблемот со колекторскиот систем“-додаде Бранко Трпчевски.
Во една внатрешна студија на МЈП Проаква постои податок кој вели дека: Со надојдените води од 2006 секоја година има пораст на надојдени  површински и подземни води. „Овие наши констатации им ги соопштивме и на локалните и на централната власт. На предупредувањата возвратија само општините Охрид и Струга, рече Ваит Ајро, директор на Р.Е Колектор, Струга.Тој додаде дека во моментов системот за одводнување, т.е колекторот е нефункционален.

„За да опстои системот ние превземеме само 30 % од отпадните води,рече Ајро.
„ Системот е парализиран во пумпната станица Сатеска и се враќа. Има големи преливи во Грашница 150 литри во секунда, Подмоље 250 литри во секунда и Струга 500 литри во секунда. Дрим  пак се прелива 700 литри во секунда“-Ваит Ајро ,директор на Р.Е колектор Струга.  

fekalii vo ezero

Штетите кои ги трпи Р.Е Колектор не се само во техничкиот дел, туку и во финансискиот. Плаќаме многу голема сметка за електрична енергија поради фактот што колекторот работи со полна пареа, истакна Ајро и предупреди дека доколку ништо не се промени, само прашање на време е кога системот ќе се блокира.
Градоначалникот Александар Петрески потврди дека шахтите се полни со излеана вода. Дримот поради киксот со ненавремено испуштање сега е метар и половина над дозволеното ниво. Овој факт но и порастот на подземните води предизвикува излевање на канализација во езерото, додаде градоначалникот. Тој уште еднаш пред новинарите го кажа историјатот на создавањето на колекторскиот систем и направи споредба помеѓу Охридското и Дојранското езеро. При тоа рече дека системот за водоснабдување во целост го финансира државата за разлика од колкеторскиот ситем за кој трошоците во целост се на грб од локалната самоуправа.
„ Општина охрид до сега за се ова има потрошено над 8 милиони евра, а државата само 3 милиони денари или околу 50 илјади евра.И после некој ќе рече дека инвестирал во колекторскиот ситем“, исакна Александар Петрески.

На новинарско прашање дали градоначалникот е свесен за последици кои Охрид како туристичко место ќе ги претрпи поради овие изнесени информации Петрески рече: „Ова е единствениот начин владата да ја свати сериозноста на нашите укажувања, затоа што сите писма и  обиди кои ги направивме за да разговараме со премиерот се безуспешни. крајно време е владата да направи нешто  за езерото кое да да потсетам заштитено од Унеско, а со тоа претставува и светско културно наследство.
{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top