Фекалии во атарот на Центарот за едрење

Проблемот со атмосферската канализација стана хронична појава во каналот Студенчишта и на дел од езерото. Надлежните во градов за ова проблематика години наназад без слух, велат од Центарот за едрење.

 |  Билјана Николовска  | 
fekalii
фекалии

fekaliiКорења, гранки и фекалии ја заматија водата пред Центарот за едрење од Охрид. Проблемот со атмосферската канализација во овој дел, години наназад тапка во место и никако да се надмине, велат од центарот. Стефан Ставрев, од едриличарскиот клуб „Бофор“, во брифинг разговор кажа дека сите надлежни институции, МЈП „Проаква“, „Нискоградба“, Хидробиолошкиот институт и еколошките друштва од општинава, во неколку наврати се известени, но се тоа бадијала бидејќи досега ништо не било превземено од нивна страна. Ставрев додава дека проблемот со атмосферската канализација во овој дел има своја историја бидејќи не е нешто ново, само што се димензионира. Конкретно денес, покрај фекалиите на површината на водата, испливаа гранки и корења од растенија, кои доаѓаат од најновите приклучоци на новоникнатиот комплекс „Менхетен“, кај Бејбунар. Одводната линија на атмосферската канализација која по правило треба да се влева во реката Череварница, очигледно е претрупана од сите страни, па затоа се случува и прелевање, а како дополнителен проблем се и шахтите за кои се поставува прашање дали се адекватно поставени. Тоа всушност е проблем плус вели Ставрев.  Одводот на атмосферски води од канализациониот систем не би требало да се меша со одводот на водите од колекторскиот систем, што тука како појва е евидентна. За решение на проблемот за овој случај побаравме одговор од првиот човек на ЈП „Нискоградба“, Владо Цветкоски. Направивме неколку обиди телефонски да стапиме во контакт со него, но безуспешно.

fekalii
Како што е добро познато во центарот за едрење, тренираат деца кои секојдневно влегуваат во вода на тренинг. Состојбата е сериозна и не треба да се занемарува бидејќи децата но и останатите секојдневно ги демне опасност од последици кои можат да произлезат од вака загадените места,  како што се тоа бројните инфекции. Во интерес на јавноста, надлежните пожелно е да излезат и да се произнесат со став, од каде произлегуваат неколкуте проблемите кои се сериозни а се поврзани со атмосферската канализација и секако да изнајдат решенија како би се надминале истите.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top