Фатени охриѓани кои краделе по фабрики

СВР Охрид поднесе кривична пријава против пет лица на возраст од 31 до 33 години и еден седумнаесетгодишник поради постоење основи на сомнение за сторени четири кривични дела „тешка кражба“и едно кривично дело „кражба“.

 |  Голабовски Крсте  | 
svr

svrСВР Охрид поднесе кривична пријава против пет лица на возраст од 31 до 33 години и еден седумнаесетгодишник поради постоење основи на сомнение за сторени четири кривични дела „тешка кражба“и едно кривично дело „кражба“.

Во периодот од септември 2015 година до февруари 2016 година, пријавените ги извршиле тешките кражби во пет фабрики, од кои три на подрачје на Ново Село-Дебрца и две на подрачјети на Охрид. Кражбата ја извршиле на градилиште на автопатот Охрид-Кичево, при што одзеле метални шипки, 500 кгр. бакарна жица, 20 метри електричен кабел и бакарни плочи од електромотори стекнувајќи се со противправна имотна корист од 369.000 денари.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top