Фатен сторителот на 24 кражби во Охрид

Охриѓани можат да здивнат. Фатен е сторителот на големиот број кражби кои во изминатиов период се случија на територијата на нашиов град.

 |  Лионела Јаковлева  | 
SVR Ohrid
СВР Охрид

Фатен сторителот на 24 кражби во Охрид. СВР Охрид поднесе кривична пријава против едно лице кое е сторител на14 кривични дела „Тешка кражба“ и 10 кривични дела „Кражба“.  Лицето А.И. во периодот од јули до октомври влегувало во станови и куќи во Охрид, притоа одземајќи кредитни картички, златен накит, пари, техничка стока најчесто лап топ компјутери, видео камери, дигитални апарати, мобилни телефони и телевизори.

Со тоа сторителот сe стекнал со противправна имотна корист од 2 255 000 ден., вели Стефан Димоски, портпаролот на Свр Охрид.

kradecКривична пријава е поднесена и против лицето К.З. бидејќи  украдените предмети ги купувало, ги примало во залог и ги прикривало иако знаело дека потекнуват од кривични дела. Инспекциските служби од Свр Охрид при претрес во домот кај второпријавениот пронашле поголем дел од украдените предмети и од алатот со кој се вршеле кражбите.

Двајцата сторители се приведени од страна на службеници на СВР Охрид.

 

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top