Фатен разбојник

СВР расветли две кривични дела. Синоќа по извршување на кривичното дело кражба под закана со ладно оружје, од својот дом е приведен осомничениот Предраг П. Тој се терети дека е извршител на разбојништво во аптека Виола и киоск на ул Галичица.

 |  Татјана Маленкова  | 
Stefan Dimoski
Стефан Димовски – портпарол СВР Охрид

Расветлени две кривични дела разбојиштво.  Предраг П. осомничен дека е сторител на две кривични дела „Разбојништво“. СВР против овој (39) годишен охриѓанец поднесе кривична пријава. Пријавениот, кривичните дела ги сторил синоќа во киоскот „Кенгур-пром„ на улицата „Галичица„ и на 17-ти овој месец во Аптека „Виола„ на улицата „Сирма Војвода„

Тој го искористил моментот кога во објектите немало други луѓе и маскиран со плетена капа и шал, влегувал во објектот и под закана со нож, од вработените барал и одземал пари.

„Имено вчера околу 18.10 минути извршено е разбојништво во киоск на Галичица при што е влезено под закана со нож и се одземени околу 500 денари. на 17 овој месец кога во аптека на ул Сирма Војвода исто со закана на нож од вработената е побарано околу 8000 денари“-Стефан Димовски – портпарол СВР Охрид

Портпаролот Димовски вели дека подолг период СВР располагала со информации за сторителот, но се чекало дополнителна потврда за тоа дека осомничениот е сторител на кривичните дела.

„Против ова лице поднесена е кривична пријава. Се превземаат дополнителни мерки за евентуално поврзување на ова лице со друго кривично дело минатиот месец.“- Стефан Димовски – портпарол СВР Охрид.

Од СВР додаваат дека приведениот парите кои ги изнудувал ги користел за набавка на Метадон и опојна дрога Хероин.

Последната акција на СВР со приведување на овој сторител ги смири вработените и сопствениците на продажните објкти, кои во изминатиов период беа мета на кражба. Штом сторителот кој маскиран ги извршуваше кривичните дела е фатен, безбедноста е зголемена.

 {loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top