Фатен искусен крадец во Охрид

Поради постоење основи на сомнение за сторени пет казнени дела „тешка кражба“ секторот за внатрешни работи Охрид, поднесе кривична пријава против Б.Т. (26) од Охрид.

 |  Голабовски Крсте  | 
kradec
Крадец

kradecПоради постоење основи на сомнение за сторени пет казнени дела „тешка кражба“ секторот за внатрешни работи Охрид, поднесе кривична пријава против Б.Т. (26) од Охрид.

На 6 овој месец во ноќните часови, пријавениот од стан на улицата „7 ноември“ во Охрид одзел 200 евра. Парите ги пронашол откако користејќи го велосипедот се качил на електрично ормарче а потоа на терасата по што со употреба на подесен алат, насилно ја отворил балконската врата и извршил пребарување низ собите.
 
Користејќи штрафцигер и физичка сила пријавениот Б.Т. на 14 месецов успеал да отвори балконска врата и да влезе во куќа на улицата „Дејан Војвод
а“. Во моментот се вклучил алармниот систем по што брзо избегал и не одзел ништо.
На 21 минатиот месец Б.Т. користејќи штрафцигер и физичка сила ги отворил катинарите од киоскот „Кај шефот“ на улицата „Караорман“ во близина на гимназијата и одзел еден музички систем.

Во текот на овој месец, пријавениот Б.Т. со кршење на буренцето од влезна врата и со насилно отворање на катинар со штрафцигер, имал неуспешни обиди да влезе во уште две куќи на улицата „Никола Петров Русински“.

Пред извршување на кражбите, пријавениот со велосипед вршел обиколка на делови од градот со цел маркирање на објекти поволни за извршување на кражби.  Б.Т. е лице познат на службата против кого и по други основи се поднесувани соодветни пријави.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top