Фармацевтите и ФЗОМ се договорија

Фармацевтите се сретнаа со раководството на фондот за здравствено осигурување. Разговараа за позитивните и негативните страни  на новите договори.

 |  Татјана Маленкова  | 
apoteka
апотека

Фармацевтите се сретнаа со раководството на фондот за здравствено осигурување. Разговараа за позитивните и негативните страни  на новите договори.

Група преговарачи фармацевти по вчерашните мирни протести пред фондот за здравствено осигурување, денес два пати се состанаа со раководството на истиот

„На средбата беше искажано личното незадоволство, а не незадоволството на целата нивна фела, вели за Тв М портпаролот на фондот за здравствено осигурување Катерина Димовска“.

Заклучно со денешниот ден ФЗОМ има потпишано договори со значаен број аптеки преку кои на осигурениците, на територијата на цела држава, ќе им овозможи континуирано и навремено снабдување со потребните лекови. Димоска  како позитивните страни од договорите за 2009 истакнува дека: Апотеките ќе можат секојдневно да вршат набавки на лекови согласно потребите на осигурениците, а со тоа да не им се создаваат непотребни залихи. Со тоа,  за секој осигуреник во секое време да има лек.

lekoviДоговорните казни се променети, велат од фондот, воведена е и опомената како казна, а висината на останатите е една до два месечни надоместока за услугата. ФЗОМ мора да го контролира работењето на аптеките, а се надвор од ова ќе биде санкционирано  соодветно.

„Ова е во интерес на осигурениците, бидејќи на овој начин не се дозволува несоодветно издавање на лекови“, истакна  Димовска.  

На денешната средба и апотекрите и раководството на фондот потврдија дека договорот за 2009 год. е многу подобар од истиот лани и дека има многу поголеми бенефити од претходниот.

Инаку фармацевтите  вчера мирно протестираа пред фондот за здравствено осигурување поради новиот договор. Тврдат дека новите договори го девалвираат нивниот труд бидејќи наместо да се сконцентрираат на услугата и грижата на пациентите, тие мораат да исполнат одредени административни обврски.

 

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top