Променет концептот на 28та седница. Наместо да се почне со предлог Буџет на единицата на локaлна самоуправа Охрид за 2011 год, како прва точка на дневен ред и предлог Одлука за извршување на Буџетот на општина Охрид за 2011 год, како втора точка, први се најдоа програмите на Секторите во општината за тоа каде ќе се трошат буџетските средства. Така одлучија советниците. Тие исто така се согласија расправата да тече во два дела, општа и амандманска. Но наместо посакуваниот сублимиран тек на разговор, дискусијата уште на почетокот замина во недоглед. Дејан Паноски од ВМРО – ДПМНЕ рече дека Советот треба да биде креатор на граѓанската иницијатива, а не да биде чиновнички апарат, и притоа упати забелешка на програмата за урбанистичките планови.
„Се потфрла во програмите од комуналната дејност“, изјави Борис Стефаностки од ВМРО – ДПМНЕ. Очигледно на Стфаноски на срце му лежат проблемите од оваа сфера, бидејќи според него граѓаните на Охрид, најмногу очекуваат точно од тука.
Дамоска коментираше за програмата на ЛЕР. Спред неа, имаме класичен пример на програма, која воопшто не донесува економски бенефит за општината и ја смета за неинвентивна, неразвојна и економски не поттикнувачка.
Програмата на образованието напишана на 4 листа, неприфатлива за Љубица Смилеска Мојсоска, од ВМРО – ДПМНЕ.
На сите изнесени забелешки од страна на советниците на ВМРО – ДПМНЕ, не остана рамнодушен градоначалникот Петрески. Тој рече дека не разбира како може човек свесно да оди сам против себе си и згора тоа да биде по цена на достоинството.
Забелешки имаше и за програмата од културата која се состоеше од еден лист, за програмата на животната средина и ред други. Но, како и да е сите поминаа безболно.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град