Езерската полиција со мерки против незаконитиот риболов и несовесните скутерџии

Прекршочни пријави и запленети риби, мрежи и рибарски алат.

 |  Мишел Наумоски  | 
ezerska
езерска

Четириесет и седум рибарски мрежи во вкупна должина од 2350 метри, триесет килограми разна риба и стотина примероци на риболовен алат и прибор, се пронајдени и одземени при реализирани патроли на полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“ од почетокот на минатиот месец до сега.

akcija ezerska policijaСогласно законот за рибарство и аквакултура, против пет лица поднесени се прекршочни пријави и две кривични пријави за незаконит риболов. Во истиот период, езерската полиција регистрирала вкупно девет прекршоци за непочитување на законот за внатрешна пловидба. Против шест лица поднесени се прекршочни пријави за управување скутери на Охридското езеро без пловидбени дозволи, без уверение за управување со пловен објект и управување скутери спротивно на владината одлука за ограничена пловидба на чамци и скутери на природните езера во Република Македонија. Од први јули заради поголема безбедност во пловидбата и на капачите, заштита на животната средина како и намалување на рибокрадството стапи на сила ограничувањето за пловидба на скутери и чамци по водите на природните езера во Македо- нија. Забраната за движење на скутери е до 31 август, во периодот од 11 до 19 часот низ Охридското, Преспанското и Дојранското Езеро. Чамците не смеат да пловат по езерските води од 21 до 05 часот.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top