Драстично се намали нивото на водата во езерото. Експертите велат дека причина за тоа е сушниот период. Ваквата состојба ќе се одрази врз растителниот и животинскиот свет на езерото.
Деновиве охриѓани сведоци на драстично намалување на нивото на водата во езерото. Тоа е за три сантиметри под дозволената кота која изнесува 693,17метри. Експертите велат дека ваквата појава е малку невообичаена за зимскиот период кога се очекува поголемо количество на врнежи од дожд и снег.
Ваквата појава се должи на сушниот период. Нема вода ниту од подземните ниту од површинските извори. Но се додека причина за ваквата состојба се природните појави не треба да се загрижуваме. Но треба да се поводи сметка како се врши регулација на водата на езерото, вели Дејан Пановски од билатералениот секретарјат за заштита на Охридското езеро.
Ескпертите апелираат ЕЛЕМ строго контролирано да врши испуштање на водата на Охридското Езеро како не би дошло до некои несакани последици
Од Хидробиолошки завод објаснуваат дека доколку продолжат ваквите осцилации, тие негативно ќе влијаат врз дел од живиот свет во езерото кој со повлекувањето на водата останува на суво, а исто така ќе предизвикаат и проблеми што ќе резултираат со вертикални движења на земјиштето и објектите на крајбрежјето.
Треба да се води сметка за приобалниот дел бидејќи тука растителниот и животинскиот свет се најзагрозени. Оние растенија и животни кои живеат на камењата и во паесокта најтешко опстануваат, вели Сузана Патчева- директорката на Хидробиолошки завод.
Патчева кажува дека големи осцилации на водата во Охридското Езеро не се својствени и дека набргу ваквата состојба треба да се подобри со затоплувањето на времето и со топењето на снегот од околните планини и евентуалните дождови кои ќе заврнат. Таа додава дека поголеми осцилации на нивото на водата имаме во Преспанското Езеро што сериозно го загрозува опстојувањето на растителниот и животинскиот свет во овој воден басен.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град