Во такви ситуации би требало брзо да се интервенира за да пружи помош, укажуваат охридските кајчари и сопственици на мали бродови. Сопственикот на брод, Стефан Чекреџи вели иако проблеми со бродчето или невреме немал лично, сепак, има ситуации кога чамци изнајмуваат гости кои не се вешти во ракување со нив, а не го познаваат доволно езерото. Сопствениците на пловните објекти сметаат дека е потребна ваква крајбрежна стража која ќе се грижи за безбедноста при пловењето.
Капетанот во Охридската капетанија, Љупчо Настоски признава дека на нашето езеро посебна крајбрежна служба нема иако се регистрирани над 350 чамци и 10-тина помали и поголеми бродови. Тој објаснува дека земјите кои излегуваат на море ја имаат регулирано ситуацијата двање помош на пловни објекти кои ќе се најдат во неволја со обални стражи. Во моментов кај нас доколку дојде до дефект на пловен објект или при невреме први реагираат од езерската полиција кои потоа ја известуваат Капетанијата. Од таму ја нагласуваат потребата од ваква служба која би патролирала в долж 60 километарскиот езерски брег. Најавуваат и покренување иницијатива за законска измена.
Лани биле пријавени два случаи кога требало да се интервенира на чамци кои останале во дефект, а годинава не е пријавен нити еден случај.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град