Учесниците во глобалниот настан „Трка за мир“ го посетија Охрид. Факелот за мир кој поминува во повеќе од 150 земји ширум светот, го причекаа основците и вработените од ОУ „Христо Узунов“. Огромна чест и задоволство ни е што можеме овој запален факел да го донесеме во нашиот град и училиште истакна директорот Тони Симоноски.
Европскиот мировен факел помина низ Охрид. Со него патуваат сите желби за мир насекаде низ светот. Годива ОУ „Христо Узунов“, ја имаше таа чест да го пречека и да се вброи меѓу европските и светските дестинции чија што рута беше токму нашиот град.
Директорот Тони Симоновски се заблагодари на делегацијата составена од тркачи од повеќе земји кои беа присутни и испрати порака: „Трката на мирот“ ја симболизира надежта за мир во светот која сите ние ја негуваме.
„Овој ден денеска мислам дека ќе остане во големо сеќавање во нашето училиште бидејќи овој 30 годишен јубилеј кој што постои факелот на мирот кој се носи низ многу земји во светот еве денеска сме почестени да биде во нашето училиште. Сакаме од овде да испратиме една силна порака да одекне од нашите најмали дечиња од нашето училиште…мир мир и само мир“
Учесниците од тимот на штафетното трчање кажаа дека секој може да направи нешто за светот како и тоа дека секоја мала промена почнува од самите нас.
„Ние сме тркачи од Трката за мир започнавме да трчаме пред два дена почнавме од Скопје и еве не во Охрид, со многу едноставна порака да ја пренесеме пораката за мир. Идејата ни е да е да трчаме да се сретнуваме со локалците со училишта за да ја пренесеме пораката.
ОУ „Христо Узунов“ доби вреден сертификат како учесник во трката PEACE RUN- Трка на Мирот. Инаку, глобалната „Трка на мирот“ се случува секои две години“. Таа вклучува милиони мажи, жени и деца од преку 80 нации во глобална факел-штафета. Помеѓу учесниците и патроните на оваа трка се вбројуваат многу патрони, лидери и славни личности. Трката нема натпреварувачки карактер, а е промоција на меѓународниот мир, единството и на меѓусебното разбирање.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град