Европски куп за мажоретки во Охрид

За прв пат во Охрид, Македонија престојниот викенд 27-28 октомври ќе се одржи Европски КУП за мажоретки генерации ’99 – ’09.

 |   | 

За прв пат во Охрид, Македонија престојниот викенд 27-28 октомври ќе се одржи Европски КУП за мажоретки генерации ’99 – ’09.

Натпреварот ќе се одржи во Спортската сала “Билјанини Извори” , во сабота од 13 – 20 часот и недела од 13 – 19 часот. Повеќе од 600 мажоретки и преку 1.000 гости од вкупно 13 градови во 4 земји – Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина и Молдавија, поделени во 24 формации и 57 групи без формации ќе ги покажат сите убавини на танцот, танцовите акробации, танцовите кореографии.

Програмата на АДА Европскиот куп на мажоретки е предвидена како комбинација од двете, натпреварувачки и социјален дел. За време на натпреварот, покрај интересната програма и возбудливите натпревари, учесниците, а и нивните фанови, ќе имаат можност за дружење, можност да поминат време со прекрасни луѓе а и да прошетаат низ убавиот Охрид.

Собраните средства организаторот, „Ада Груп“ (Алпи-Дунав-Адриjа груп) после завршувањето на Европскиот КУП ќе ги донираат на фамилијата Настоски.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top