Европска подршка за екологистите

Екологистите од Охрид побараа поддршка од своите европски колеги во ангажманот во политика.

 |  Ристо Јакимоски  | 
logo
лого

Екологистите од Охрид побараа поддршка од своите европски колеги во ангажманот во политика. Членовите на Грашница кои имаат и своја советничка листа поканија гости- екологисти од Турција, Франција и Грција со цел да поразговараат за проблемите на животната средина, но и за нивните искуства доколку биле или се инволвиорани во политика.
Од поканетите гости на средбата со охридските зелени пристигнаа само турските претставници.

Екологијата не познава граници. Состојбата на животната средина е подеднакво важна за луѓето од сите вери и раси, тврдат турските екологисти. Тие на своите охридски колеги не можеа многу да им помогнат во актуелниот политички ангажман бидејќи немаат такво искуство

ekologistiДенес еколошкото друштво Грашница го презентира и проектот за заштита на планината Јабланица. Тој е изготвен во соработка со струшкото еколошко друштво Енхалон, а е финансиран од германска агенција за заштита на природното богатство.Главна цел на проектот е да се едуцира локалното население за одржливо искористување и заштита на планинскиот предел Јабланица. Другата цел на проектот е да се провери постоењето на рисот во тој реон и неговата заштита.

Охридските екологисти најавуваат и во иднина проекти со кои ќе се штити природното богатство на Охрид, но и пошироко.

 

 

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top