Европска клубска кошарка викендов во Охрид

Четири екипи, од кои две се натпреваруваат во силната АБА лига, ќе ги одмеруваат силите во овој меѓународен турнир кој е под покровителство на општина Охрид.

 |  Мишел Наумоски  | 
turnir kosarka
турнир кошарка

Јавното претпријатие „Билјанини извори“ подготвува вистински викенд-спектакл. После подолго време, во Охрид ќе настапат врвни европски кошаркарски екипи. Овој петок, започнува меѓународниот турнир „Охрид Трофеј 2013“, кој на охриѓани ќе им понуди вистинско спортско уживање. Главен покровител на овој меѓународен турнир е општина Охрид, додека негов реализатор ќе биде ЈП „Билјанини извори“.

sala Biljanini„Можеби возрасните ќе ме корегираат, после три децении на голема врата ја враќаме меѓународната квалитетна клубска кошарка. Ја враќаме со „Охрид Трофеј 2013“. На него ќе учествуваат четири екипи. Оваа година, нашиот првак МЗТ, првакот на Бугарија, Лукоил Академик, и двете српски екипи Раднички Крагујевац и Металац Ваљево. МЗТ и Раднички се членови на АБА лигата, регионалната лига, ЛУКОИЛ е Евролигаш, така што уште првата година обезбедивме навистина многу јаки екипи, а се надевам дека кога веќе традицијата ќе се воспостави, ќе имаме уште поквалитетни екипи и Охрид ќе може она што го следи на малите екрани, да го следи и живо.“-рече Иван Цветкоски-Директор на ЈП „Билјанини извори“.

Од ЈП „Билјанини извори“ во моментот работат на уредување и подготвување на салата, не само за престојниот турнир, туку и за целата натпреварувачка сезона 2013/14. Што се однесува до натпреварувачките петок и сабота, од „Билјанини извори“ ќе обезбедат и видео стриминг од натпреварите, како и директен пренос на  Македонскиот јавен сервис, но и други елементи што ќе му дадат вистински европски шмек на овој турнир.

megjunaroden turnir„Прво за најмладите да напоменам дека ние пред платото на спортската сала ќе имаме еден дел кој ќе се вика Фан зона на Охрид Трофеј 2013, и на него имаме предвидено натпревари во тројки во кошарка, и ќе има два-три моменти од забавен дел, кој е врзан за кошарката. Ќе им понудиме на дечињата таму ќе имаме и турнир кој што нашите волонтери во јавното претпријатие ќе го реализираат. Она што ќе го имаме во самата сала , за прв пат носиме електрични реклами во Охрид, во спортската сала ќе има и мажоретки, илуминации, така што не би сакал се да откривам, би ги поканил само гледачите, граѓаните на Охрид да бидат дел од целиот овој спектакл.“-вели Цветкоски.

Инаку двата полуфиналните дуели ќе се одиграат во Петок со почеток од 18 и 20 часот и 30 минути, додека во истите термини, во Сабота ќе бидат одиграни финалето и мечот за третото место. Билетите за натпреварите чинат 100 денари и важат за двата натпревари кои се играат во денот. Па повелете на европска кошарка.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top