Еврокомесарот за проширување и соседска политика Оливер Вархеји денес во Скопје

Еден ден по објавувањето на годишниот Извештај од Европската комисија за напредокот на Северна Македонија, еврокомесарот за проширување и соседска политика Оливер Вархеји денеска престојува во Скопје.

 |   | 

Еден ден по објавувањето на годишниот Извештај од Европската комисија за напредокот на Северна Македонија, еврокомесарот за проширување и соседска политика Оливер Вархеји денеска престојува во Скопје.

Во македонската јавност внимателно се анализираат сите детали од Извештајот на Европската комисија – дел загрижуваат, дел мотивираат.

По билатералната средба со македонскиот премиер и по свечената седница на Владата, Заев и Вархеји ќе одржат прес-конференција. Предвидено е еврокомесарот да се сретне и со претседателот на Парламентот, Талат Џафери и да има обраќање пред пратениците, како и работен ручек со претседателот Стево Пендаровски. За време на престојот, Вархеји ќе оствари средба и со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

По вчера соопштените оценки во Извештајот, се очекува еврокомесарот денеска да испрати пораки на поддршка за постигнувањата на земјава реализирани во минатата година, но и да укаже на обврските што треба да се преземат во следниот период. А тие не се малку. Во домашната јавност внимателно се анализираат сите детали од Извештајот, според кој земјата има средна оценка за вкупната подготвеност, или, како што рече вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров, таа сега е 3,11 што значи добро ниво, а е одредено поместување во нагорна линија, во споредба со ланската оценка за подготвеност (3,06). Но, она што е во фокусот на интерес и во земјата – се очекувањата за почеток на преговори на Северна Македонија со ЕУ до крајот на годината.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top