ЕВН ги обучува најмладите како да ја користат електричната енергија

ЕВН Македонија четврта година по ред го спроведува проектот како разумно да се користи електричната енергија. Свеста кај граѓаните за рационално користење на електричната енергија овој пат ЕВН ќе ја подигнува преку најмладите.

 |  Татјана Маленкова  | 
evn
ЕВН квиз

KvizЕВН Македонија четврта година по ред го спроведува проектот како разумно да се користи електричната енергија. Свеста кај граѓаните за рационално користење на електричната енергија овој пат ЕВН ќе ја подигнува преку најмладите. Со училишните квизови досега опфатени се 258 училишта во Македонија во 85 општини, вклучувајќи го и градот Скопје.

„ Идејата за училишниот проект дојде од две места. Нашите колеги од Австрија спроведуваат сличен проект долги години  и посетуваат деца од школска воздраст и посетуваат работичници за разумно користење  на елекстричната енергија.

ЕВН кога дојде во Македонија свати дека голема е потребата да се подигне свеста но и знаењето за енергетиката, ефикасност односно разумното користење на електричната енергија и така решивме како да помогнеме во процесот на подигање на свеста преку најмладите“, вели координатор на проектот, Искра  Тиквароска.

Училишниот проект опфаќа 10 годишни деца од сите основно училишта од Македонија.  Учесниците во квизовите имаат можност да бидат дел од еден час или работилница каде вработени во ЕВН и едукаторите  од мрежа но и невладини организации им објаснуваат како енергијата треба да ја користат разумно. Овие едукативни часови досега ги посетиле 32 илјади деца од 258 училишта.

„ Оваа година сите деца кои учествуваат во училишниот проект имаат можност да учествуваат на регионални квизови, три во секое полугодие и еден национален, литературен и ликовен конкурс на тема енергетика ефикасност и мали проекти за енергетика и ефикасност.

Овие мали проекти и литературен конкурс ќе бидат наградувани на национален квиз, вели Тиквароска.

Училишниот проект годинава вкупно опфаќа 70 училишта, од кои досега посетени се 35. Во Охрид пак опфатени се 12 училишта претежно од западниот дел на Македонија.

На националниот квиз ќе одат трите најдобри училишта.Секое училиште има екипа од два ученика.

Годинава ЕВН на децата кои учествуваат во проектот ќе им овозможат да ја посетат првата мобилна опера Јованче  и марика. ЕВН како спонзор на претставата овозможува истата да се одигра низ градовите во Македонија. Во Охрид операта ќе се емитува за две недели.

 {loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top