ЕВН ги дистрибуираше новите фактури за потрошена електрична енергија, а до крајот на јануари сите корисници во Македонија ќе добијат нови попрегледни фактури.
ЕВН ги дистрибуираше новите фактури за потрошена електрична енергија, а до крајот на јануари сите корисници во Македонија ќе добијат нови попрегледни фактури.
Новите фактури имаат нов поедноставен изглед, содржат повеќе инфомации и се поконцизни.
– Во фактурите што корисниците ќе ги добиваат во иднина, наведени се податоци за корисникот и за фактурата, адреса за коресподенција, износот на испорачаната електрична енергија, комуналната такса, евентуалните камати поради задоцнето плаќање, рокот за плаќање на фактурите, износот на заостанатиот долг, детални податоци за старите и за новите состојби и други дополнителни информации – информираат од компанијата.
Целта на новите фактури, како што велат, не е само да се овозможи поедноставен и попрегледен увид во испорачаната електрична енергија на корисниците.
Во рамки на фактурата ќе биде достапен и податок за просечната дневна потрошувачка на корисникот во киловат-часови и во денари.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град