EVN ќе не „дере“ на нов начин

ЕVN најде начин како под лупа да ја стави потрошувачката на електрична енергија. Воведе нов систем за отчитување, обработка и наплата на потрошената струја.

 |  Крсте Голабовски  | 
evn
евн

smetkiЕVN најде начин како под лупа да ја стави потрошувачката на електрична енергија. Воведе нов систем за отчитување, обработка и наплата на потрошената струја.

Поради негова успешна интеграција, на почетокот на месец април граѓаните ќе добијат две сметки за потрошена електрична енергија.

ЕВН Македонија од први мај годинава на македонските граѓани ќе им ги празни џебовите преку новиот систем за отчитување, обработка и наплата на потрошена електрична енергија. Охриѓани со свое мислење околу најновиот потег на ЕВН.

На почетокот на месец април граѓаните ќе добијат две сметки за потрошена електрична енергија. Сметките ќе бидат за читаните вредности во месец март и прогнозираните вредности за месец април. Паушалната сметката за месец април ќе биде со износ колку сметките за април од минатите години, намалена за одредена сума, бидејќи месец април е потопол, па со тоа и потрошувачката на електрична енергија е помала во тој месец, потенцира Атанас Ковчески, портпарол на ЕВН Македонија.

„Фактурата за месец април иако доставена однапред ќе биде со вообичаен рок на плаќање до 15 мај, 2010 година. Значи иако потрошувачите ќе добијат две сметки, тие ќе се плаќаат во предвидениот рок, како за време на годишните одмори. Добивањето на двете сметки е со цел да се интегрира новиот систем на наплата“, информира Ковачески.
Од ЕВН информираат дека првата сметка која граѓаните ќе ја добијат во месец мај со примената на новиот начин на наплата ќе е со помал износ, бидејќи се однесува на пресметковен период помал од 30 дена. Следниот месец пак, сметката ќе биде за потрошената електрична енергија за период од еден месец. Читањето на броилата ќе се врши во четири периоди, утврдени според различни реони, а доставата на фактурите ќе ја врши Македонска пошта.  Така, ако еден потрошувач сметката за потрошена електрична енергија ја добие на десетти мај, тогаш секој нареден месец ќе ја добива на истиот датум . Од ЕВН ги негираат шпекулациите дека за една неплатена сметка, по истекот на рокот за наплата од 45 дена, ќе ги исклучуваат потрошувачите.
Рокот и толеранцијата остануваат исти, со тоа што сега после една неплатена сметка за поторошувачите прво следи предупредување, информираат од ЕВН.

Воведувањето на ваквиот систем има една цел. Поголеми поволности и услуги за потрошувачите, нова посовремена, детална фактура, пристигање на фактурите од различни броила од еден сопоственик на една иста адреса и друго. Корисниците на нови броила ќе имаат можност во новите сметки да видат и кога дошло до промена на тарифата, и колку од таа тарифа е потрошено. Од ЕВН информираа дека продолжуваат и со експерименталната фаза од проектот за далечинското читање на броилата, во која досега се влкучени околу 70-тина корисници.
{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top