Кандидати од овој регион поблиску до ЕУ само со засилена соработка

Засилена соработка меѓу земјите кандидати и потенцијални кандидати од овој регион за влез во ЕУ. Ова е пораката која денес беше испратена од Охрид од страна на министрите за надворешни работи од земјите на Југоисточна Европа.

 |  Јаковлева Лионела  | 
samit
самит

Министерите за надворешни работи од земјите на Југоисточна Европа денес во Охрид одржаа формален состанок во рамките на Процесот на соработка на земјите од Југоисточна Европа. Пораката што беше испратена од денешниот состанок е засилена соработка меѓу земјите кандидати и потенцијални кандидати од овој регион. Министерот Никола Попоски кажа дека на состанокот било разговарано за можностите за зајакнување на соработката и за поефикасно искористување на средствата кои се нудат од страна на ЕУ за меѓусебно поврзување.samit

Во овој контекст би констатирал дека Македонија имаше успешно претседавање со над 30 министерски и експертски средби и тоа немаше да биде возможно доколку државата немаше одлична соработка со претходниот и следниот претседавач со Процесот, заклучи Попоски.

Претходниот претседавач од Република Србија Иван Мркиќ забележа дека на министерската конференција учествуваат земји членки на ЕУ, кандидати и потенцијални кандидати за влез во Унијата.

Не има и нас кои чекориме по тој пат и многу ни значи ваквата врска која претставува еден вид вежба за она што следува. Се надеваме дека колку што е можно побрзо, за некои земји малку побавно, но сепак сите се движиме кон истата цел, а тоа е полноправно членство во Европската унија, рече Мркиќ.

Состанокот во Охрид претставува чекор напред кон евроатланската интеграција, истакна државниот секретар на Министерството за надворешни работи на Романија, Раду Подгоран, кој е следниот претседавач со Процесот за соработка на ЈИЕ. Тој додаде дека Романија силно ги поддржува европските аспирации на Западен Балкан.

Ние остануваме силен поддржувач на политиката на отворени врати на Унијата, за оние земји кои се решени да ги исполнат сите стандарди засновани на копенхашките критериуми. Регионалната соработка е комплементарна на евро-атланската интеграција. Тоа е инструмент којшто го олеснува дијалогот и заедничките проекти за справување со заедничките предизвици. Тоа ќе биде и еден од нашите најголеми приоритети како земја претседавач со ПСЈИЕ, изјави Подгоран.

Општиот впечаток на сите присутни е дека средбата помина успешно, а домакините беа пофалени за добрата организација.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top