Завод и музеј овој период подготвува збирка од Охридски килими, преку кој се претставува нашиот идентитет. Збирката засега е недостапна за јавноста, поради недостаток на изложбен простор.
Завод и музеј овој период подготвува збирка од Охридски килими, преку кој се претставува нашиот идентитет. Збирката засега е недостапна за јавноста, поради недостаток на изложбен простор.
Македоските етнолошки педмети се од непроценливо богатство. Преку нив се презетира културата и богатството на една земја. Во Охридскиот регион сеуште има голем број на рачно изработени килими. Дел од нив, сопствениците сеуште себично ги чуваат во подрумите, а останатите предавајки ги на завод и музеј, одлучиле тие да се достапни до сите. Минатата година завод и музеј конкурираше до министерството за култура за откупување на етнолошки предмети.
„Благодарение на нив ни беа одобрени средтава и на територијата на Охрид се откупија 12 рачно изработени килими и 200 носии од Охридскиот регион“, вели Марија Каневче, етнолог од завод и музеј.
„Нашата земја е етнолошки многу богата. Преку вакви проекти треба да ги откупиме заборавените предмети во подрумите и да ги поставиме онаму, каде што им е местото. Радува фактот што со овие наши заложби наидовме на разбирање и кај граѓаните, кои несебично ги нудат своите предмети, во интерес на преставување на нашата култура и идентитет“, вели Каневче.
„Тие потекнуваат од 19 век, некои се под влијание на ориентот, а други се пиротски. Има и типично охридски. Охридските се разликуваат од другите, бидејки шарите што доминираат ги двојат од другите, а тоа се човечки фигури, свеќници… Со овој проект откупивме и два везани килими и според имформациите од музеј на македонија дека во ниедна збирка во македонија нема такви килими везани на јута“, објаснува Марија Каневче.
Милка Ефтимова, сопственичка на килим, кој самата рачно го изработила, ова непроценливо богатство за незначителна сума на пари му го продала на завод и музеј.
За ТвМ вели „Го везев 2 месеци, на јутена вреќе со волна. Но сега веќе никој не го сака. Подобро килимот да биде во заводот, тие сега подобро ќе се грижат за него“.
Килимите сопственост на завод и музеј, во моментов не се достапни за јавноста, затоа што нема каде да се изложат. Само два од нив можат да се видат во куќата на Робевци. Оваа збирка само потврдува дека под итно на Охрид му е потребен музејски простор. Само на тој начин завод и музеј ќе може да ги претсатави музејските експонати кои се непроценливо богатство.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град