„Ентити“ најдобри на Балканот во електронски спортови

Охридската екипа „Ентити“ се врати од Трикала, Грција со освоено прво место во електронските спортови. После успехот во националните кавлификации за светското првеснство што треба да се одржи во декември годинава во Кореа петчлената екипа во континуитет нижи успеси.

 |  Валентина Нелоска  | 
Entity vo Grcija
Ентити во Грција

Охридската екипа „Ентити“ се врати од Трикала, Грција со освоено прво место во електронските спортови. После успехот во националните кавлификации за светското првеснство што треба да се одржи во декември годинава во Кореа петчлената екипа во континуитет нижи успеси. И овојпат покажаа дека се најдобрите меѓу бројна  конкуренција на екипи од Балканот и од Израел.

Entity vo Grcija

„Им покажавме на Балканот дека се најдобрата елетронска сила, а се подготвуваат за успех и во Кореа , вели челнот на екипата Јован Каланоски“.

Спортистите од „Ентити“ во Грција отпатуваа во сопствена режија. Додека останатите натпреварувачи настапија во униформирани маици со имиња на спонзорите, нашите момчиња ја немаа таа привилегија. Досега никој не се одзвал да ги поддржи во нивната намера за да покажат дека Македонија не е мала како што изгледа на географската  карта туку дека е голема и силна во електронските  спортови, вели Каланоски.

natprevar

„Во минатото време  побаравме поддршка ама не најдовме разбирање нити кај спонзори , ни кај Локланата самоуправб ни државата,“ вели Каланоски.

Охридската екипа „Ентити“ е мошне популарна, и на Фејсбук  веќе имаат 10.000 фанови. Екипата ја чинат  покрај Јован Каланоски и Александар Киселинов од Охрид, и Јован Деребаноски од Струга, Влатко Сековски од Скопје и Анел Чековиќ од Тетово.

Овие сајбер натпреварувачи во декември се подготвуваат за светското првенство во Кореа и се надеваат на поголема поддршка и од Локалната и од државата.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top