Енио Мориконе ќе го отвори Охридско лето

Светски познатиот композитор Енио Мориконе, ќе го отвори четириесет и деветтото издание на Охридско лето.

 |  Татјана Маленкова  | 
logo
лого

Светски познатиот композитор Енио Мориконе, ќе го отвори четириесет и деветтото издание на Охридско лето.

Од дирекцијата на овој реномирен фестивал потврдуваат дека Мориконе понудата ја прифатил по долги преговори, но и дека бил фасциниран од сцената Антички театар, каде ќе настапи. Светски познатиот композитор Енио Мориконе, на свеченото отварање на Петровден, на 12 јули оваа година, ќе диригира со 200 уметници – сто оркестранти и со исто толку хористи. Програмата со која ќе настапи се уште не позната и дополнително ќе се договори.

Toni SimonoskiПонудата за гостување во Македонија, италијанецот со светска слава ја прифатил со радост, затоа што слушнал за величината на фестивалот, а особено за убавините на Охрид. Мориконе, како што информираат од фестивалската управа, бил импресиониран од Античкиот театар и можноста неговиот концерт да се одржи на тој простор.

„Гостувањето на Мориконе или како што го нарекуваат „живата легенда“ е чекор напред во тенденцијата на Охридско лето на овие простори да видиме извонредни имиња со светско реноме“, вели Ѓоко Симјановски, филмски критичар, кој што подготвува специјално издание на авторската емисија „Филмско око“ посветена на италијанскиот композитор. Емисијата ќе се емитува во петок на 1-ви мај, во стандардниот термин 17:30 часот на ТВМ.

Инаку, Енио Мориконе е италијански композитор на филмска музика со светска слава. Во кариерата има направено музика за 570 играни филма, меѓу кои се и светските хитови „Добриот, лошиот и грдиот“, „За грст долари“, „Беше еднаш на Дивиот Запад“, „Мисија“и други. Роден е на 10 ноември 1928, во Рим. Неговиот ран опус ги опфаќа симфониската и камерната музика, а славата ја стекнал првенствено пишуваајќи музика за филм, за што во 2007 година ја доби наградата „Оскар“ за животно дело.

 

{loadposition content9} 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top