Огромен е интересот за купување билети за свеченото отварање на 49-то издание на фестивалот Охридско лето и настапот на маестро Енио Мориконе.
Огромен е интересот за купување билети за свеченото отварање на 49-то издание на фестивалот Охридско лето и настапот на маестро Енио Мориконе.
Влезниците се продаваат по цена од 30, 40 и 50 евра, а веќе се резервирани и 50 посто од местата на античкиот театар вели директорот на Фестивалот Охридско лето, Тони Симоноски. Резервации за влезници има и од соседните држави.
Светски познатиот композитор и диригент Енио Мориконе кој во Охрид доаѓа со неговата филхармонија, ќе изведува композиции во траење од 1 час и 15 минути.
Проектот на настапот е насловен како „Беше еднаш во Македонија“.
Маестро Мориконе ќе биде сместен во претседателскиот апартман во хотел Метропол, а екстравагантни барања нема вели Симонски. Мориконе во Охрид ќе простојува од 10 до 13 јули, а при тоа е предвидено да ги посети манастиорт Св. Наум, црквата Св.Софија и археолошкиот локалитет Плаошник.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град