Енергетската медицина доаѓа и во Охрид

Енергетската медицина може да помогне при голем број болести како дополнителна метода на лекување. Со балансот на енергијата во телото и со контрола на свест многи можеме да си помогнеме. Девизата на оваа алтернативна  недицина е не ги менувајте другите, менувајте се вие. Наскоро оваа метода ќе се применува и во Охрид.

 |  Јаковлева Лионела  | 
kvantna medicina
kvantna medicina

Енергетската медицина доаѓа и во Охрид. Германката Рикарда Еишхофер веќе триесет години се занимава со овој вид на медицина. Студирајќи школска медицина забележала дека основните медикаментозни начини на лекување не се доволни кај некои болести. Не станува збор за некаква природна дарба туку за метода која може да се научи и секој да ја примени на себе, вели Еишхофер. За овој начин на лекување многу е важно пациентите да постигнат ментален баланс што најчесто се прави преку медитација и да навлезат во својата свест. Всушност секој поединец треба да стане свесен од каде потекнува неговиот проблем, да ја прифати реалноста и со својот ум да делува да ги подобри работите.

Колку третмани ќе бидат потребни за да се постигне саканиот ефект е индивидуално, објаснива Еишхофер. Таа додава дека кај посериозните болести или психички состојби бројот на третманите е поголем и цело време додека тие се праваат таа е во контакт со пациентите за да ги прати нивните реакции. На почетокот најчесто луѓето се скептични, но кога ќе ги видат ефектите го менуваат своето мислење.univerzum

Идеата да дојде во Охрид потекнала од нејзината блиска пријателка и асистентка Робертина која по потекло е од Македонија, а долги години живее и работи во Германија. Таа и кажувала за Охрид , неговите убавини и значењето на овај град како природно лекувалиште така што Рикарда посакала да дојде и самата да се увери во тоа. Таа планира наесен повторно да се врати а со неа да донесе групи од Германија.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top