А.Д. ЕМО – Охрид, работи

Одложен стечајот за ДООЕЛ – ите на АД ЕМО – Охрид.  Извршниот директор, Зоран Филоски смета дека во моментов најважно е да тече производствениот процес а спасот за компанијата го гледа во продажба на охридски ЕМО на странски инвеститор.

 |  Николоска Биљана  | 
emo-ohrid
емо-охрид

zoran emoА.Д. ЕМО-Охрид, работи. Стечајната постапка за ДООЕЛ-ите одложена за наредната година. Најновите случувања околу стечајната постапка на охридски ЕМО, можеби ќе бидат најразлично толкувани во медиумите и јавноста, но нашите настојувања ќе бидат тоа да има што помалку реперкусии врз понатамошното работење на ЕМО пред се во континуитетот и квалитетот на производството, убедува извршниот директор на АД ЕМО Зоран Филоски. Тој ја посочи причината поради одлагањето на стечајната постапка.

„Привремените стечајни управители извештаите што ги поднесле во судот во последен момент, така да треба одреден рок пред да се закаже рочиштето за да може јавното правобранителство и ЕМО да се изјаснат по извештаите на привремените стечајни управители“ – изјави директорот.

Филоски смета дека во моментов најважно е што АД ЕМО работи и редовно дистрибуира електро опрема до нивните соработници.

„Нормално согласно производствените можности и нарачки, ЕМО работи на испорака на електро опрема пред се трансформатори расклопни апарати мерни тренсформатори нисконапонски табли и ормари. Нормално и како дејност и монтажата на електро опрема, во тој дел ангажирани сме на повеќе објекти како што е изведување на далеководот Вруток Тетово и ангажирани сме на монтажа во РЕК Битола“ -вели Филоски.

emoСепак првиот човек на охридско ЕМО, не крие дека компанијата може да куртули и да застане на здрави нозе само доколку Владата како доминантен сопственик, ја продаде на странски инвеститор.

„Сите активности во однос на реорганизација и консолидација се да ЕМО како значаен стопански капацитет во електроенергетиката е да се продаде на фирма односно компанија која ќе продолжи со истата дејност и нормално ќе го задржи името и брендот. Пред се во однос на производството на електро опремата во оној дел каде што странскиот инвеститор ќе оцени дека се потребни вложувања во нова опрема и машини со кои ќе се зголеми и квалитетот и продуктивноста и нормално со тоа ЕМО да биде конкурентен и на оние пазари каде што доминираат поголемите компании“.

Целта на менаџерскиот тим и вработените е ЕМО да продолжи да работи со оваа дејност која според Филоски е доходовна. Додава, дека нивните интенции се покрај развој на туризмот во градот, производството на електро опрема да биде гранка плус во стопанството каде што ќе има вработувања и развој во таа област. Филоски најави можност за обнова на пазари во земјите од соседството како и на останатите пазари кои уживаат добро реноме.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top