Експресна реакција на Охридскиот градоначалник

Тој на денешната прес конференцијата во врска  обвинувањата за непотизам истакна дека неспорен е професионализмот и знаењето кое го поседува неговиот брат.

 |  Крсте Голабоски  | 
Petreski
Petreski

Експресна реакција на Охридскиот градоначалник, Александар Петрески. Тој на денешната прес конференцијата во врска  обвинувањата за непотизам истакна дека неспорен е професионализмот и знаењето кое го поседува неговиот брат. Додаде дека луѓе како неговиот брат не се ставаат за да прават низа манипулации туку да ги заштитат интересите на општината и граѓаните во целина.

„ Шокароски или Хари нека одговори како го вработил неговиот брат во Костозглобна, пред неколку години, пред три години. Меѓутоа јас не навлегував во тоа бидејќи мислев дека тоа се ниски работи да се занимаваме.“, обвини Петрески.

„Едиснтвена причина што сум јас тука и што брат ми по предлог на претседател на комисја за јавни набавки е предложен да биде поставен на еден дел од некоја јавна набавка е да спречиме манипулација.“, објасни тој.

Петрески најави дека на наредната седница на Советот најавена за овој петок, ќе им даде можност на советниците од ВМРО-ДПМНЕ да предложат претседател на комисијата која треба да спроведе јавна набавка за улично осветлување.
{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top