Експерти ќе го спасуваат занаетчиството во Македонија

Занаетчиската комора на Македонија ги собра своите членови во хотелот Бисер во Струга. Заедно со регионалните комори-членки ќе ја утврдувале моменталната состојба и приоритетите за развој на комората.

 |  Мишел Наумоски  | 
pafta
пафта

proektЗанаетчиската комора на Македонија ги собра своите членови во хотелот Бисер во Струга. Заедно со регионалните комори-членки ќе ја утврдувале моменталната состојба и приоритетите за развој на комората. Од ЗКРМ најавуваат предлог измени на Законот за вршење занаетчиска дејност.

Занаетчиската комора на Република Македонија организираше тридневна работилница на која се собраа претставниците од регионалните и општинските занаетчиски комори. Од 18ти до 20ти Февруари во хотелот Бисер во Струга ќе се евалуира моменталната состојба во занаетчискиот еснаф и ќе се утврдувале приоритетите за развој како на Занаетчиската комора на Македонија така и на регионалните занаетчиски комори од земјава.

Оваа работилница нема да биде единствена од ваков вид. Вакви работилници дополнително ќе биле организирани и во други градови низ земјава се со цел зголемено учество на регионалните занаетчиски комори во формирањето на стратегијата за развој на занаетчиството. Од ЗКРМ најавија и предлог измени на постојниот Закон за занаетчиство.

На оваа работилница беше присутен и Претседателот на регионалната занаетчиска комора од Охрид, Вељан Филчоски. Тој реагираше на вчерашните обвинувања од дел од занаетчиите, кои се пожалија дека не биле повикувани на состаноците на Охридската комора.

zanaet-filigran„Немаме прво простории каде да ги покануваме, јас сево ова го правам од сопствен џеб, со сопствени средства. А и голем број од занаетчиите не плаќаат членарина, како да ги поканиме, како да ги повикаме? “-рече Претседателот на занаетчиската комора од Охрид, Вељан Филчоски.

Неизбежен факт е тоа дека занаетчиството се наоѓа во незавидна состојба. Има се помал број на занаетчии, а и оние што се, полека се откажуваат. Ваквите работилници се еден од начините како да заживее занаетчискиот еснаф.

 {loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top