Експертите со различни оценки за сообраќајниот режим

Завршувањето на  примената на летниот режим на сообраќај наметна неколку прашања кои ги засегаат граѓаните. Експертите имаат  различно гледиште за квалитетот на годинешниот сообраќаен  режим на терен.

 |  Валентина Неловска  | 
soobrakaj
сообраќај

soobrakajЗавршувањето на  примената на летниот режим на сообраќај наметна неколку прашања кои ги засегаат граѓаните. Експертите имаат  различно гледиште за квалитетот на годинешниот сообраќаен  режим на терен. Неодамна  раководителот на одделението за сообраќај во локалната самоуправа, Зоран Шикалоски, за ТВМ изјави дека е задоволен од годинешното решение на летниот режим на сообраќај. Шикалоски потенцираше дека како резултат на годинешното решение на  клучните раскрсници, кај Oпштината и Домот на АРМ, годинава сообраќајот поминал  без инциденти. Експертот по сообраќај и советник, Томислав Тунтев, пак смета дека сообраќајниот режим можел да биде и подобар.  
Експертите потенцираат дека квалитетен сообраќаен  режим граѓаните ќе добијат само со изготвување на сериозна сообраќајна студија за градот. Охрид по многу нешта е специфичен град и нејзиното изготвување се заговара подолго време, но засега
без конкретни решение. Различните гледишта како функционира летниот сообраќаен режим го наметнува прашањето дали можеби  разликите  во ваквите гледишта се и една од причините што досега  не е изготвена студија.
Пред една година пропаднал тендерот на локалната самоуправа за изготвување на сообраќајна студија заради несериозност на избраниот понудувач. Според Шикалоски сериозен изработувач  е Техничкиот факултет од Битола, па од разговорите од таму им било сугерирано тендерот да се распише од месец септември.
Tuntev

Тунтев, пак, кој беше гласен поборник за Охрид да добие ваква студија уште пред да стане советник , сега има можност, но сеуште ја нема искористено. Тој за разлика од Шикалоски смета дека е потребно во тендерот да се дефинираат одредени  услови за нејзина изработка, да бидат поедноставени за да се привлечат поголем број квалитетни изработувачи на студијата. Повторно распишување на тендерот локаната самоуправа  планира во втората половина на септември, па останува да видиме како локалните ескперти ќе го искористат своето знаење, и како ќе се  договарат за  конечно да имаме  квалитетна сообраќајна студија. Останува неизвесно е дали Охрид ќе добие постојан сообраќаен режим, кој нема да им задава главоболки на граѓаните  со привремените измени на одвивање на соообраќајот, посебно  во летниот период .

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top