Екс директорот на Здравствен дом Охрид сам се предаде

Поранешниот директор на Здравствен дом Охрид Митко Дабески, по четиримесечно бегство, утрово сам се предал во охридската полиција. Дабески беше осомничен за финансиски криминал.

 |  Николоска Биљана  | 

Митко Дабески, поранешниот директор на Здравствен дом Охрид по 4 месечно бегство, утрово и се предаде на охридската полицијата. Како што информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски, Дабески е предаден во Основниот суд во Охрид, каде му е изречена мерка притвор од 30 дена.

„Осомничениот рано утрово околу 6 часот самоиницијативно се пријави во СВР Охрид по што веднаш е спроведен во Казнено поправната установа затвор,  Охрид. Во врска со целокупниот настан во месец март распишана е централна потерница по сега осомничениот и сега притворениот“ – изјави Димоски.

Инаку Дабески, со уште двајца вработени, шефот на сметководство и благајникот во медицинската установа, во февруари годинава беа осомничени за криминал од околу 7,5 милиони денари. Финансиската полиција ги товари за „проневера во службата“, „поттикнување“, „помагање“ и „фалсификување или уништување на деловни книги“. Во периодот од 2010 до 2014 година тројцата осомничени подигале готови средства уплатени за партиципација од пациентите со што го оштетиле буџетот на ЈЗУ Здравствен дом Охрид за над 7,5 милиони денари.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top