Ставрески:„Изградбата на слободната економска зона во Струга ќе започне летово“

Ставрески и Кочовски најавија изградба на слободната економска зона во Струга.

 |  Маленкова Татјана  | 
Stavreski -Kocovski
Ставрески – Кочовски

Идните планови за економски развој на Струга, тема на средбата помеѓу вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески и Владимир Кочовски кандидатот за градоначалник од коалицијата „Сојуз за Струга“.  Ставрески пред новинарите посебно го истакна проектот што владата заедно со локaланта власт ќе го реализира во насока на почеток на изградба на  слободната економска зона во Струга што ќе се случи летово и која веќе од октомври ќе биде подговена во Струга да ги пречека идните инвеститори.

„Засега имаме интерес од некои Европски компании поточно две, едната од автомобилската индустрија, Stavreski -Kocovskiдругата електорнска индустија, кои најавија планови за инвестирање во овој регион. Очекувам во наредните месеци тие разговори да завршат успешно и се надевам дека ќе успееме да ги донесеме во зоната во Струга  што би значело само од овие две компании креирање на речиси 1000 работни места, а вкупно во зоната кога ќе биде целосно функционална очекуваме над 3000 работни места“, истакна вицепремиерот Зора Ставрески.

Ставрески е убеден дека овој проект и е повеќе од потребен на Струга. Тој е убеден дека за ова оваа Владина замисла се реализира во целот на Струга и треба квалитетна локална власт. „Од досегашната професионална кариера на д-р Кочовски евиднетно е дека тој ќе умее да се носи со таа функција и секој инвеститор ќе сака да добие врвен квалитет на локалната власт. Убеден сум дека тој како што и досега работеше со сите граѓани на Струга и понатака ќе гледа да креираме работни места за да се подобри животот на сите граѓани на Струга, а ние како влада сесрдно тоа ќе го помагаме“, вели Ставрески.  

Stavreski -KocovskiИ кандидатот за градоначалник  д-р Владимир Кочовски оптимист за Владиниот проект. Тој открива дека како иден градоначалник ќе направи се во Струга да се отворат фабрики од домашни и странски инвеститори.

„Во технолошко индустиско развојната зона во Струга ќе се отворат над 2000 нови работни места кои ќе носат пристојни приходи во над 2000 Струшки семејства. Јас како градоначалник на општина Струга од првиот ден ќе се зафатам со сите инфрастрктурни комунални  проекти се со цел оваа индустриско развојна зона да заживее во најкраток можен рок.
Целиот мој труд и енергија ќе ги вложам ТИРС да ја добие потребната патна, коминална и енергетска инфраструктура за да може владата на  Македонија  да го реализира овој за нас Стружани многу важен проект“, истакна д-р Владимир Кочовски, кандидат за градоначалник „Сојуз за Струга“.

Кочовски е повеќе од сигурен дека со отворање на оваа зона Струга ќе го врати својот дух. „Овој проект ќе се реализира бидејќи зад него стои Владата на Р Македонија.  Со тоа ќе заживее и ќе се прероди општина Струга“, категоричен е Кочовски.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top