Економската експлоатација на децата-глобален проблем

Економската експлоатација на деца станува се поголем светски проблем. Голем број на деца се движат по улиците под присилба или по сопствен избор за да заработат некој денар. Омбудсманите за деца од Југо-источна Европа денес се сретнаа и разговараа за начините на кои може да се спречи оваа негативна појава.

 |  Мишел Наумоски  | 
konferencija
конференција

Децата насекаде низ светот се повеќе се економски експлоатирани, дали од нивните родители, дали од подведувачи. Проблемите со ваквото експлоатирање на оваа ранлива категорија зафаќаат глобални рамки. Омбудсманите за деца од Југо-источна Европа денес се сретнаа во Охрид и разговараа околу заедничките начини на кои може да се надмине овој растечки проблем. Народниот правобранител на Република Македонија, Иџет Мемети вели дека анализите кои ги спроведува оваа институција покажуваат дека клучна улога во отстранувањето на оваа негативна појава треба да игра превенцијата.

Idzet Memeti„Ако го гледаме системот од формално-правен апсект, можеме да кажеме дека имаме изграден систем за тие деца да бидат згрижени односно за да ги нема децата на улица. Меѓутоа од друга страна ни се случува да во реалноста нив ги има на улица. Сметаме дека треба многу повеќе да се вложува во тоа што значи создавање на реални услови за помагање на тие деца.“ вели Иџет Мемети-Народен правобранител на Република Македонија

Дека се работи за глобален проблем говори токму оваа годишна средба на омбудсманите од Југо-источна Европа, но и активната улога на невладините организации. Меѓу нив, една од клучните улоги има и светската организација Save the children.

Bjorn Hagen„Нашата улога е таа што ја започнавме оваа регионална мрежа на Омбудсмани. Во неа веќе учествуваат 14 омбудсмани од 12 земји и сега тое е нивна работа да ги ангажираат локалните власти, невладините организации и државните органи, а ние само го олеснуваме и потпомагаме овој процес. И за крај ќе кажам дека задачата е тешка, но не и невозможна. Имаме некои позитивни искуства, вклучително и овде со новите центри. Затоа треба да се надградиме на ова и да изградиме подобра иднина за децата.“ рече Бјорн Хаген-Save the children за Југоисточна Европа

Хаген потенцираше дека за да може и воопшто да се пристапи кон решавање на овој глобален проблем, потребно е вклучување на сите релевантни фактори во една држава, но и нивно координирање со останатите земји. „Овој проблем не е нешто што самата држава може да го поправи туку треба да се вклучат сите чинители, тука се граѓанското општество, невладините организации, владините институции и медиумите.“-вели Хаген. Имено оваа година, Република Македонија е воедно и водач на коалицијата на омбудсманите од Југоисточна Eвропа.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top