Алармот за спас на Охридското езеро од човечката негрижа е вклучен пред 11 години. Свеста кај населението за значењето на езерото во изминатава декада континуирано се подига. Заштитата е вечен процес кој никогаш нема да има крај. Тоа ќе биде континуирана борба со многу интереси и предизвици. Двете држави, на чии територии се наоѓа огромната водена површина, прават обиди да ја зачуваат неговата чистота која е од непроценлива важнот. Потпишан е заеднички македонско-албански Договор за заштита на езерото, изработена е заедничка Студија за состојбата на Охридското езеро и неговиот слив , донесена е Уредба за употреба на безфосфатни детергенти како спречување на еутрофикација, вградена е софистицирана опрема за Хидробиолошки Завод за мониторинг врз езерото, доделена е техничка опрема за Локалните самоуправи Охрид и Струга. Обезбедена е неколку кратна помош за порибување на Езерото, доделени се средства за уредување на коритото на Грашница, издејствувана е забрана за излов на пастрмка, ги набројува бројните усвоени мерки Дејан Паноски од Билатералнито секретаријат за заштита на Охридското езеро. Додадовме затаивме кај имплемтацијата на законската регулатива и вопсречување на индивидуалните интереси. Неуспеваме да бидеме како екологисти посилни од моќните интереси пред се на урбанизацијата и економската напаст врз природните ресурси, укажува Паноски.
80 посто од Охридското крајбрежие е заштитено со колкеторски систем и остануваат уште 20 посто. Останува да се поврзат деловите од Трпејца – Љубаништа, Радожда-Калишта и Поградец – Лин. Квалитетот на езерската вода се подобрува, ама и понатака како носители на органски загадувачи во Езерото остануваат реките Черава, Коселска и Сатеска кои се од II класа, а посебно Велгошка која е од III категорија ова го покажуваат последните анализи кои ги направиле од Центарот за јавно здравство од Охрид. И понатака остануваат 10-тина куќи кои не се поврзани на канализациониот систем кај Сараиште и Ј‘но, нагласува бромологот Сашо Точков. Тој истакнува дека во Св. Наум водата е од 1 класа, но немаат информација каква е ситуацијата кај Воениот камп и комплексот Маркони, дали се во функција пречистетителните станици.
Кавалитетот на езерската вода минатата година беше лош според земените мостри кај Св. Наум и Воениот камп. Тие беа наведени како потенцијални загадувачи на езерото. Локалната самоуправа презеде акција за да се санира ваквата состојба и објектите да постават пречистителни станици. Денес немаат информации какви се резултатите од тогашните заклучоци. Симон Илиески, портпарол на Локалната самоуправа вели според Законот за води надлежноста за контрола ја има Државниот инспектор за екологија.
За одговор дали овие субјекти вградиле и дали им функционираат пречистителните станици се обративме кај Државниот инспектор за екологија Игор Трајкоски. Тој вообичаено не беше достапен да даде одговор.
Денес трите крај езерски града Охрид, Струга и Поградец го одбележуваат Денот на Езерото.
Централната прослава е во Поградец, каде што присустуваат делегации на Локалните самоуправи од од Охрид и Струга.
Треба да се нагласи дека иако се постигнаа бројни договори и се донесоа заеднички законски регулативи сепак мора да се работи на јакнење на заедничката свест за езерото како извор на живот и опстанок на идните поколенија.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град