Екологистите потенцијални советници, бараат исправка на законскиот пропуст.
„Државната изборна комисија се уште не одговорила на барањето од Коалицијата на екологистите за користење на полното име на гласачкото ливче насловена како независна советничка листа на еколошки граѓански организации“, истакна нејзиниот носител Борче Стојаноски, од еколошкото друштво Грашница.
Тој објаснува дека општинската изборна комисија ги известила дека насловот на листата може да биде независна листа со иницијали Б.С. како носител на листатата, но тоа кај нас е специфично бидејќи сме коалиција од 9 невладини еколошки друштва вели Стојаноски. Сега на гласачкото ливче не може да стои полниот назив со што ќе бидеме оштетени, потенцираат од Коалицијата. Тоа ќе допринесе гласачите да не можат да не препознаат и да го дадат гласот за нас вели Стојаноски.
Од Коалицијата на независни еколошки организации сметаат дека станува збор за пропуст во законот и дека Државната Изборна Комисија може да направи измени. Очекуваат решавање на проблемот иако е 5 минути до 12. Нивна заложба е изборите да бидат фер и демократски, а граѓаните да гласаат по свое убедување и избор.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град