Екологијата во Охрид тема на денешниот прес

И денеска прес конференција на ВМРО – ДПМНЕ. Но како ретко досега се осврнаа на својата програма без прашања за градоначалникот.

 |  Предраг Савиќ  | 
logo
лого

И денеска прес конференција на ВМРО – ДПМНЕ. Но како ретко досега се осврнаа на својата програма без прашања за градоначалникот.

Тема на денешниот прес беше екологијата во Охрид.
Како еден од приоретитетите за Кирил Трендафилов Нанче е заштитата на животата средина.  Со чист Охрид ќе се обезбеди зачувување на статусот заштитен град од УНЕСКО и ќе биде исполнет основниот предуслов за туристички развој на градот. Приоритет е изградба мониторинг системи за управување со еколошките проблеми. Најголемо внимание ќе се посвети на канализационите системи како во градот така и во приградските населби.

presВнимание ќе се обрне и на твдиот отпад. Ќе се набават нови канти и контејнери за отпад, а ќе се работи и на дислоцирање на депонијата Буково. Неа ќе ја замени фабрика за рециклирање на отпад ветуваат од ВМРО – ДПМНЕ. Сите овие мерки се во рамките на проектот Нулта толеранција за дивите депонии.

Нанче и ВМРО – ДПМНЕ овие дадени ветувања ги даваат за да ги исполнат најави портпаролот на оваа партија додавајќи дека ќе ја прошират заштитата на студенчишкото блато и ќе поставата филтри на оџаците кои користат централно затоплување. сите овие мерки ќе доведат до потреба од нов Локален еколошки акционен план кој ќе се изработи од стручни лица и користиње на странски искуства.

 

 

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top