Еко цртежи и садење садници за одбележување на Денот на планетата Земја

Од најмладите па до најстарите волонтери во Црвениот крст од Охрид денес низ дружба го дадоа својот придонес во подигнување на свеста за значењето на овој ден.

 |  Мишел Наумоски  | 

Дружба на генерациите, од најмали волонтери од бреинобреин програмата, како и детскиот час за приказни на англиски јазик, како и повозрасните волонтери кои ја следат програмата за стари лица денес ги обединија силите како достојно би го одбележале Денот на планетата земја. Еве што тие ни подготвија.

“Сите тие се здружија за денеска заедно да посадиме садници кои што ќе го красат овој дел, кои ќе бидат и обележје и некој линк кој ќе ги поврзува овие две генерации, дечињата во рамки на доаѓањето во Црвениот крст и следењето на оваа програма, ќе ги залеваат со вода, ќе го чистат и одржуваат овој парк. Исто така своите пораки најмладите ќе ги упатат преку цртање на овој плочник овде каде сите во текот на денешниот ден ќе можат да дојдат да видат што младите мислат за планетата земја, како тие ја зачувуваат, ја чистат, ја штитат животната средина и секако ние повозрасните да научиме да бидеме совесни, да бидеме дисциплинирани, и да се однесуваме кон природата онака како што сакаме и природата да се однесува кон нас.”-вели Сашо Точков-Црвен крст-Охрид.

Денешното одбележување на меѓународниот ден на планетата земја, според директорката на ЈП Охридски комуналец, Елена Скрческа е убав начин на всадување на идејата за почит кон животната средина кај најмалите.

“Секогаш она што сакате како човек да го негува или да го почитува, жителот на овој град, секогаш се тргнува од оние викаме најмали нозе, односно од мала возраст на децата, затоа секогаш ние како јавно претпријатие ги вклучуваме нив, и во овие вакви акции за зачувување на животната средина, почит кон она зелено што викаме во градот и како и оној дел кој се однесува на отпадот во градот.”-рече Скрческа.

Инаку во рамки на одбележувањето на Денот на планетата земја, свој придонес дадоа и штитениците од дневниот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост “Зраци” кои изложиле цртежи и колажи на тема планетата Земја како би се подигнало нивото на свесноста за зачувување на животната средина. Оваа активност воедно се спроведува и во рамките на проектот “Достигнување креативност преку инклузија на младите во општествениот живот.”

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top