Еко акција на „Енхелеус Лихнид“ кај Бејбунар

Здружението „Енхелеус Лихнид“ заедно со нивните пријатели, волонтери и сите охриѓани вљубеници во природата, имаа уште една еко акција која овој пат беше спроведена на патот за Бејбунар во шумичката со борови.

 |   | 
Здружението „Енхелеус Лихнид“ заедно со нивните пријатели, волонтери и сите охриѓани вњубеници во природата, имаа уште една еко акција која овој пат беше спроведена на патот за Бејбунар во шумичката со борови. 
После 3 часовната битка против пластика, метали, разноразни предмети од домаќинства, кревети, гуми, теписони итн. КОНЕЧНО природата го доби сјајот како што го заслужува – напишаа од „Енхелеус Лихнид“ веднаш по акцијата.
Тие апелираат до ЈП Охридски Комуналец и Општина Охрид да го соберат ѓубрето по патот за Беј Бунар во најскор можен рок.
 
Од „Енхелеус Лихнид“ ги повикуваат сите оние кои што сакаат да се активираат за следни вакви акции. Будно да ги следат објавите на Енхелеус Лихнид – Enheleus Lihnid и да помогнат за почист и поубав Охрид.
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top