Екипите на ЈП „Охридски Комуналец“ со вонредни активности за одржување на јавната чистота во Охрид и околината.
Екипите на ЈП „Охридски Комуналец“ со вонредни активности за одржување на јавната чистота во Охрид и околината.
Се изврши ггенерално чистење на улиците „Железничка“ и „15-ти корпус“.
Темелно се расчистуваа тротоарите, просторот околу тротоарите, граничниците од коловозите и делот помеѓу двете сообраќајни ленти. Отстранети се наносите од песок и земја, ниската вегетација и подигнат е расфрланиот отпад – информираа од ЈП „Охридски Комуналец“.
Расчистена е и уште една мапирана дива депонија во близина на село Велгошти.
Подигнати се големи количини тешко разградлив отпад и сува трска од водите на Охридско Езеро во близина на Холандски Парк.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град