Игор Јорданов е новиот претседател на младите социјал демократи на Охрид.
Игор Јорданов е новиот претседател на младите социјал демократи на Охрид.
Јорданов на самиот почеток очекува масовно приклучување на младите кон СДСМ, бидејќи новата програма, според него предвидува можност секој младинец да се докаже, а не како што тоа беше досега ангажирање за одредена цел.
Ново име на раководна функција во СДСМ. Игор Јорданов деновиве застана на чело на младите социјалдемократи во Охрид. Локалните клубови сериозно ги засукаа ракавите и се фатија за работа. Веќе ја изготвија новата програма, адаптирана според директивите на централно ниво. „Да се вратат младите во редовите на социјал демократите е мојата главна определба“, вели Јорданов, и додава дека тоа било негова однапред поставена цел.
Единство и подобри изборни резултати се целите на младите социјалдемократи на Охрид. Тие ветуваат поорганизиран внатрешно политички дијалог, и заживување на работата во месните клубови. Младите имаат избрано и свое реководно тело преку кое ќе функционираат.
Состојбите во СДСМ секојдневно се менуваат. Досега младите социјал демократи слабо делуваа, бидејќи по се изгледа недостасуваше квалитетна екипираност и организација на членството. Новиот младински состав најавува строго придржување кон програмата на централно ниво, спроведување на слободната социјал демократска мисла „за подобра Македонија“ како и реален пристап кон единствената платформа на СДСМ.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град