Егзибиционист во Охрид .Тој е забележан вчера во попладневните часови кај комплексот „Расадник“.
Егзибиционист во Охрид .Тој е забележан вчера во попладневните часови кај комплексот „Расадник“. Од СВР Охрид велат дека кај нив тоа не е пријавено, но апелираат доколку се забележи, веднаш во најкраток можен рок да се пријави на 192.
„Средовечен маж на возраст од педесетина години, облечен во бело, ме следеше, ми зборуваше недолични и вулгарни зборови и го откопчуваше патентот од панталоните, на сред бел ден, пред мојот влез од зградата“, раскажува малолетна девојка. Таа згрозена од глетката, преплашена и целата во солзи, заминала кај другарка и за да се јави кај своите родители.
За жал ваков и слични на него настани ни станаа секојдневие. Според податоците на СВР Охрид, портпаролот Стефан Димовски не извести дека во минатата година регистрирани се две кривични дела: полов напад врз малолетник кој не наполнал 14 год и кривично дело посредување за вршење проституција. Димоски потенцира дека од страна на граѓаните има јавувања за случаи на задоволување полови страсти пред друго лице. Додава дека полициските службеници веднаш излегуваат на лице место, што резултира со фаќање и приведување на сомнителното лице, по што се поднесува кривична пријава. Според портпаролот, важно е, кога се соочуваме со ваков настан, веднаш да се пријави на бесплатниот телефонски број 192. Тоа воедно е и апел, бидејќи временската рамка е многу важна за брза реакција на полициските службеници. Инаку егзибиционист е лице кое јавно се разголува а најчесто има душевно растројство. Нивни жртви претежно се малолетници и тоа од женски пол.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град