Египќаните протестираа…

„И ние сме дел од Р Македонија“, „Вклучете не во јавниот живот“, „Попис ДА, дискриминација НЕ“, се дел од пораките преку кои египќаните го искажаа својот револт против политичкиот и правниот систем во државава.

 |  Татјана Маленкова  | 
protest
протест

„И ние сме дел од Р Македонија“, „Вклучете не во јавниот живот“, „Попис ДА, дискриминација НЕ“, се дел од пораките преку кои египќаните го искажаа својот револт против политичкиот и правниот систем во државава. Денеска за прв пат во независна Македонија египќаните јавно го кренаа својот глас против, како што велат дискриминација која се врши врз нив во државава.

Учесниците во протесниот марш најпрво во канцелариите на Охридските народните пратеници доставија барање за да превземат марки за заштита на заедниците. „Сметаме дека трба да има промена во политичкиот и правниот систем со што би се спречила дискриминацијата на египќаните во јавниот живот“, вели претседателот на сојузот на балкански египќани, Рубин Земон. Следното протесно писмо беше доставено до подрачната едниница  на Државниот завод за статистика.

„Протесна нота ќе доставиме и покрај тоа што тие не се надлежни за назначување на попишувачи и надлежните на пописните комисии, но тие се во секојдневна соработка до државната пописна комисија“, вели претседател на сојуз на балкански египќани, Рубин Земон.

transparentПротестно писмо беше доставено и до подрачната единица на Управата за јавни приходи од страна на организаторите на протестот, во кое тие побараа оваа единица да изнајде начин и да го информира Министерството за финасии да изнајде начин египќаните повеќе да не плаќаат даноци, затоа што според нив штом не уживаат никави права во државава, зошто би плаќале даноци.

Заштита на египќаните во правниот систем беше побарана и од градоначалникот и од претседателот на советот Душко Јаковчески.

Земон вели дека египќаните дискриминацијата ја чувствуваат постојано, но дека последниот настан со конкурстот за инструктори и попишувачи ја прелеа чашата.

„Ова е последната капка за чашата да се прелие. Постојано укажуваме дека египќаните  се дискриминирани во Р Македонија. Немаме право на вработување во јавната администрација. Досега 1 денар не е даден за да се сочува културата на египќаните“, додава Земон.

Земон додава дека и доколку пописот поради најавата за предвремени избори се одложи, сепак денешниот протестен марш треба да ја пренесе пораката до надлежните кога истиот ќе се одржи да не ги содржи  истите грешки. Рубин додава дека се надеваат дека во иднина нема да има потреба од помасовни протести, преку кои египќаните ќе ги бараат своите права.

 {loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top