Египќаните повторно во потрага по своите права

„Многу од нас ќе бидат приморани да станат албанци или роми иако тоа не го сакаат“, велат охридските египќани.

 |  Лионела Јаковлева  | 

„Многу од нас ќе бидат приморани да станат албанци или роми иако тоа не го сакаат“, велат охридските египќани.

„Под итно бараме прием кај премиерот Никола Груевски како би му ги кажале проблемите со кои се соочуваме“, додаваат тие.

Египќаните од Охрид и понатаму ги бараат своите права кои им припаѓаат согласно уставот на РМ. Сакаат едно пратеничко место во собранието на РМ  да им биде загарантирано по примерот на косовскиот модел за што подршка бараат од охридските пратеници.

Zdruzenie na EgipkaniteОд партијата Сојуз на египќани велат дека, уште утре ќе поднесат барање до претседателот на Советот на општина Охрид за да добијат едно советничко место по клуч системот, а вакво барање ќе биде поднесено и во сите општини каде живеат египќани.

„Ќе биде поднесено и официјално барање до градоначалникот на Охрид да се отвори шалтер за египќаните како тие би можеле да си ги остварат своите права без при тоа да бидат изложени на досегашниот игнорантски однос на општинската администрација“, вели Демир Далип секретарот на партијата.

Далип апелира до надлежните институции да не дозволат да се случи асимилација на египќаните кои се втори по бројност во Охрид.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top