Египќаните бараат јавно извинување од Мартин Протуѓер

Ги повикуваме Мартин Протуѓер, како и партијата ВМРО-ДПМНЕ,  да јавно им се извини на сите припадници на заедницата на Египќаните во Македонија, за непочитување на етничката посебност и идентитет.

 |  Голабовски Крсте  | 
zem
зем

Невладините организации кои се грижат за заштита на идентитетот, човечките и малцинските права на заедницата на Балканските Египќани во Македонија, не се изненадени но се згрозени од лицемерието и не-толеранцијата што се приметува кон припадниците на заедницата на Египќаните, од страна напоедини лица од врвот на ВМРО-ДПМНЕ, кои воедно се и најблиски соработници во кабинетот на актуелниот премиер на Р. Македонија,  коишто можат да се слушнат и видатод содржината на наводните прислушкувани разговори и смс- пораки од т.н. 21-ва бомба за „Вистината за Македонија“, објавени од страна на СДСМ во Охрид на 16.04.2015 година.

zemНепочитување на етничкиот идентитет на припадниците за заедницата на Египќаните во Охрид и Македонија, претставува грубо кршење на Уставот на Република Македонија, како и на универзалните човекови права, и меѓународните стандради за заштита на националните малцинства. Со овие објавени материјали уште еднаш се потврдува политичката и општествената аномалија, предрасуда и стереотип во Македонија, дека припадниците на заедницата на Египќаните се граѓани од втор или трет ред, кои не треба да уживаат никакви граѓански права и треба да бидат само брутално инструментализирани на изборните денови.

Ги повикуваме Мартин Протуѓер, како и партијата ВМРО-ДПМНЕ,  да јавно им се извини на сите припадници на заедницата на Египќаните во Македонија, за непочитување на етничката посебност и идентитет, како и за обидот за поттикнување на расна и етничка нетрперливост кон припадниците на заедницата на Египќаните.

Невладините организации кои се грижат за заштита на идентитетот, културата, човечките и малцинските права за заедницата на Балканските Египќани во Македонија, ќе ја разгедат и можноста за барање на кривична и граѓанска одговорност од лицето Мартин Протуѓер. Исто така, релевантините меѓународни институции и механизми за заштита на човековите и малциските права ќе бидат информирани за овој случај.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top